Струга го решава деценискиот проблем со водоснабдувањето. Започна реконструкција на водоводната мрежа и реконструкција на пумпната станица кај изворите во Шум. Почетната инвестиција на проектот изнесува 400 илјади евра обезбедени од Општината, а дополнителни 200 илјади евра за зафатите со кои ќе се обезбедува вода во руралните средини.
Се решава деценискиот проблем со водоснабдувањето во струшко. Започна реконструкција на водоводната мрежа и пумпната станица кај изворите во Шум. Ќе се заменуваат и азбесните цевки, а ќе биде поставен и систем за наводнување на обработливите површини, најави струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.
Со овој проект ќе се реши долгогодишниот проблем на стружани, кои постојано се соочуваат со недостиг на вода.
Со пренасочување на водата која доаѓа од резервоарите кај Заграчани со тоа што Струга како град посебно ќе се приклучи на нов цевковод и веќе имаме нов цевковод со осум шахти со ФИ 600 нема да има повеќе проблеми со водоснабдувањето во градот – вели Рамиз Мерко, градоначалник на Струга.
Првата фаза од проектот предвидува реконструкцијата на цевководот за водоснабдување на градот, реконструкција на секундарната водоводна мрежа, а во тек е инсталација на нови пумпи и реконструкција на објектот на пумпната станица во село Шум.
Целосно обновување на пумпната станица кај Шум која дофрлува вода, сите мотори ќе бидат нови квалитетни кои трошат помалку струја, а даваат повеќе вода и објектот цел ќе се реновира и ќе има нова пумптна станица – вели Мерко.
Почетната инвестиција на проектот изнесува 400 илјади евра обезбедени од Општината и дополнителни 200 илјади евра за зафатите со кои ќе се обезбедува вода во руралните средини. Целосното обновување на пумпната станица во Шум ќе биде финансирано од Министерство за транспорт и врски.
Новинар : Соња Рилковска
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град