Струга подготвена е за најголемиот христијански празник Богојавление – Водици. Во Струга никогаш не престанала традицијата на положување на светиот крст во водите на реката Црн Дрим, велат од Цркавата Св Ѓорги. А годинешниот кум Славчо Билјан со нетрпение го очекува утрешниот ден и ги покани сите граѓани да присуствуваат на овој свет чин.
Се е подготвено за големиот Богојавленски водосвет, во Струга. Стружани достојно ја одбележуваат вековната традиција. После утринската богослужба со света божествена литургија која ќе се одржи во црквата Св Ѓорѓи, отпочнува церемонијата околу фрлањето на крстот во водите на реката Црн Дрим. Ѓаконот Христијан Костоски вели дека утре се осветуваат сите води во земјава. Додава дека овој настан во Струга е посебен.
„Стружани од памтивек не заборавиле на верата на тоа кој се и што и кои се нивните корени и секоја година на Водици одиме на мостот го дочекуваме Владиката и се извршува големиот големиот Богојавленски водосвет. Водосветот се извршува два пати во годината на Водопост и на самиот празник Водици. По завршувањето на чиност, Владиката го спушта светито крстот во водите на реката Црн Дрим“
Кум на манифестацијата Водици – Струга 2018 е Месната индустрија „Билјанови“. Младиот сопственик на оваа компанија Славчо Билјан вели дека со нетрпение го очекува овој ден кој за него претставувал празник над празниците.
„Голема е честа што месната индустрија е кум на Водици, најубавиот празник во нашиот град. Ја користам оваа прилика да ги поканам сите да присуствуваат на чинот на осветување на водата во реката Црн Дрим во 11 часот, исто така на сите да им посакам здравје среќа и многу радосни моменти“.
Сите кои сакаат да скокаат по чесниот крст во Струга сеуште можат да се пријават кај „Чичко Нацко“ во струшката чаршија и да добијат маица. Најсреќниот кој ќе успее да го фати чесниот крст ќе биде даруван со златно ланче и крст. Утре во Струга за посетителите ќе се служи греана ракија и ражничи од Билјанови.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град