СДСМ е на вистинскиот пат

Струшките социјалдемократи реагираат. Повод за тоа се црните плакати кои вчераутро биле излепени на неколку ударни места во Струга, со содржина, „Бранко оди си Македонија не те заборава“.

 |  Билјана Николовска  | 
SDSm
СДСМ

SDSmБранко оди си, Македонија не те заборава. Ова е пораката која вчераутро ги разбуди стружани. На ова веднаш реагира од ОО на СДСМ од Струга. Претседателот на партијата Александар Попоски овој чин најостро го осуди и го окарактеризира како тотална безидејност на ВМРО – ДПМНЕ и неможност партијата на власт да ги реши проблемите на граѓаните. Тој кажа и зошто е тоа така.
„После нивните два неуспешни митинзи на кои и покрај притисоците и користењето на сите државни ресурси, имаа двојно помалку луѓе отколку на нарофниот собир во прилеп, Груевски и фамилијата се во паника, а ВМРО – ДПМНЕ во целосен хаос“
Aleksandar PoposkiГраѓаните во црните плакати наменети за Бранко Црвенкоски ја препознаа негативната и приземна кампања на Груевски и неговата фамилија, вели Попоски. Тој додава дека заради тоа граѓаните биле револтирани и експресно ги отстранале палкатите од сите места во градот каде што биле излепени.
Претседателот на струшкиот огранок на СДСМ, вели дека ова не е прв пат и дека методите на ВМРО – ДПМНЕ се веќе добро познати и проѕирни. Попоски рече дека ваквиот начина на делување е со цел да се дефокусира јавноста посебно кога владеачката партија е загрозена и кога и паѓа рејтингот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top