Струшката СДСМ ќе го смени изгледот на Струга

Во следните 4 години ќе се залагаат во градот да доаѓаат гости преку целата година,  и за развој на  руралениот туризам.

 |  Билјана Колоска  | 
logo
лого

Во следните 4 години ќе се залагаат во градот да доаѓаат гости преку целата година,  и за развој на  руралениот туризам.

Приоритет ни е да го смениме изгледот на Струга, да нема раскопани улици, плажите и пливалиштето да се уредат по европски терк, да се врати спортскиот дух во градот. Во оваа насока  ќе бидат заложбите на струшките социјал демократи. Нивната програма за овие 4 години предвидува туризмот да биде на високо ниво, Струга и регионот да бидат посетени во текот на целата година а не само во лето.

„Овие заложби се реални а не само празни ветувања“- вели носителот на листата, Александар Попоски.
Политиката на СДСМ е за развој на стопанството, изградба на индустриски зони,  отварање на нови работини места а не затварање погони, вели Попоски.

Нашата програма е речиси слична со останатите од другите политички парти,  но тие се убедени дека истата ќе  ја остварат.

pres„Ние нема да го лажиме народот со програма,  како што тоа го правеше  ВМРО ДПМНЕ , тие не понудија ништо ново, имаат програма иста како онаа во 2005-2006 година, преродба во 100 чекори само редуцирана и веќе видена“- додава  Попоски.

На денешната пресс конференција, носителот на листата на СДСМ ги искоментира излагањата на  синоќешната трибина на кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМЕ, Славко Котески.

„Не сакаме да се шират шпекулации како што беше синоќа кажано дека СДСМ ќе го подржи кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, ние веќе кажавме дека го подржуваме Фијат Цаноски“-истакна Попоски.
Од СДСМ се уверени дека на претстојните избори  ќе ја добијат подршката од граѓаните. Велат ќе докажеме дека Струга може да ја направиме подобро место за живеење.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top