Саем на книгата во OУ „Јосип Броз Тито“ во Струга

Учениците покажаа дека сакат да читаат и  купуваа книги.

 |  Билјана Колоска  | 
saem na kniga
саем на книга

Учениците покажаа дека сакат да читаат и  купуваа книги.

„Историја на Светот“, „Спротивности“, „Како да се однесуваме во училиште“. Ова се само дел од книгите кои се изложени на саемот во основното училиште „Јосип Броз Тито“ во Струга. По повод „Денот на книгата“ кој се одбележа претходната недела, од денес па се до четврток, во ова училиште ќе се продаваат книги по симболични цени.

“Им објаснуваме на децата каква содржина има книгата за кои се заинтересрани,  и им помагааме при изборот“-вели ученичката Ивана Домазетоска.
Саемот кој официјално се отвори денес, побуди голем интерес кај учениците. Од стар децата купија по некое издание.

osnovciВо текот на саемот се очекува уште поголема заинтересираност. Првиот човек на  „Јосип Броз Тито“ кажува дека деновиве е најавена посета на ученици од повеќе училишта од градот и околните села.

„Имаме доволно книжен фонд за деновиве додека се одржува саемот. Во четврток кога воедно се затвара истиот, гости ќе ни бидат писателите Стојан Тарапуза и горјан Петрески“-кажува директорката на ОУ „Јосип Броз Тито“, Ана Столеска.

Бидејќи за прв пат досега во ова училиште се организира саем на книга, директорката ветува дека од година ова ќе стане пракса. Вели ќе се потрудиме од следната учебна година да организираме барем по два саеми во годината.

Инаку, овој саем е организиран во соработка со „Просветно Дело“ АД-Скопје.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top