Саем за храна

Хуман гест на клубот на жени на СДСМ. Тие денес добро ќе ги засукаат ракавите и ќе подготват некој гурмански рецепт, кој утре ќе се продава на саемот за храна.

 |  Билјана Николовска  | 
hrana
храна

Nikolina VelskoskaПо повод одбележувањето на денот на ослободувањето на Струга, во организација на клубот на жени на СДСМ од овој град, утре ќе се одржи саемот за храна. Струшките социјал демократки ќе имаат можност да ги покажат своите кулинарски вештини во подготвување на разни видови храна, како би помогнале на лицата кои имаат потреба од хуманост. Координаторот на жените, Николина Велкоска очекува голем одзив.

Велкоска најави уште три акции од хуманитарен карактер за месец декември, како во целост би се исполнила нивната годинешна програма. Таа вели, дека еднократната помош е недоволна, за луѓето кои имаат реална потреба, како не би се почуствувале запоставено.

Саемот за храна ќе се одржи утре во 18 часот, во салата на Советот на општина Струга. Голем број членови од невладиниот сектор веќе се подготвени да се вклучат во оваа хуманитарна акција, како би се исполнала целта на социјал демократките од Струга. продуктите ќе се продаваат по симболични цени. Вратите за сите граѓани на Струга и пошироко се ширум отворени, велат од клубот на жени на СДСМ.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top