Руски бизнисмени заинтересирани за инвестиции во Македонија

Македонија интересна дестинација за Руски инвестиции. „Бизнисмени како никогаш досега пројавуваат интерес за инвестирање во нашата земја“, тврдат од Сојузот на руско-македонските друштва.

 |  Татјана Маленкова  | 
Ruski grb
Руски грб

Vladimir Solocinski i GruevskiРуските бизнисмени  заинтересирани да инвестираат во Република Македонија, тврдат од Сојузот на руско-македонските друштва. Претседателот Јордан Горчев вели дека засинтересираност за инвестиции има, но дека се зависи и од светската економска криза која  сеуште e присутна кај нас. Но и покрај се благодарение на  руско-македонските друштва се купија неколку недвижности, додава Горчев.
– Проблемите се за сите инвеститори како домашни така и странски. Да се надеваме дека во брзо време тоа ќе се надмине и во инвеститорите од Русија тоа многу брзо ќе се реши. Ние размислуваме за отварање на слободна економска зона од типот на Бунарџик каде своето место ќе го најдат единствено руски компании. Оваа зима беше преговарано за купување на еден капацитет за производство на овошје и зеленчук, но тој договор се уште не е завршен, вели Јордан Горчев, претседател на Сојузот на руско-македонските друштва)
Горчев додава дека компанијата Лук оил се шири низ Mакедонија и покрај административните препреки, на кои наидоа во државава.
Рускиот Амбасадор во Македонија најави дека деновиве во Санк Петeрзбург ќе има економски форум на кој ќе учествуваат претседателот на Р македонија Ѓорѓe Иванов, заедно со заменик премиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. „ Се надевам дека оваа средба ќе се искористи за да се разгледаат сите можности за проширување на економските врски со Руските пријатели“, вели Владимир Солоцински  и додава дека се надева дека по форумот инвестиции во Македонија ќе има повеќе.
„Во Скопје се гради електрична централа благодарение на  Македонско – Руско пријателство. централата е веќе готова, но официјално во употреба ќе биде пуштена наесен, изјави –  амбасадор на Русија  во Р Македонија, Владимир Солоцински.  
Според Солоцински, со електричната централа, Maкедонија ќе добие дополнителна електрична енергија, а Скопје затоплување . Оваа станица ќе работи на Руски гас, истакна амбасадорот. Тој додаде дека има информации дека гас пром  има намера да го зголеми присуството во Македонија.
Македонија е многу интересна дестинација за инвестирање за руските богаташи, но се зависи од движењето и на глобалните економски текови, велат нашите руски пријатели.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top