Гостите од хотел Дрим, во првиот ден од Новата 2011 год. ручаа со лебедите. На присутните, менаџерскиот ти на хотелот им понуди традиционална македонска храна. Гостите позитивно изненадени и задоволни од специјалитетите, амбиентот но и уникатната идеја.
Традиционална македонска храна, топла ракија, топло вино, ѓомлезе… е дел од трпезата која им беше поставена на гостите од хотелот Дрим. Присутните и покрај студеното време, сепак презадоволни од идејата, храната и уникатната идеја на хотелскиот менаџерски тим.
„Ручек со лебедите“, нова понуда, која за своите гости ја подготви менаџерскиот тим на хотел Дрим.
Денешната свеченост покрај езерото комплетно беше организирана и подготвена во знакот на македоската храна и традиција.
Хотелот Дрим е еден од ретките во Струга, кој за новогодишните празници работи со полна пареа. Исполнетоста на капацитетот е 90 посто. Сопстевниците на хотелот, презадоволни од гостите, а тие пак од понуденото. Годинававо Дрим Новата година ја дочекаа гости од Словенија, Србија, германија, Грција, Албанија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град