Родосквернавење во Дебар

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело “родосквернавење“ полициската станица Дебар, поднесе кривична пријава против 48 годишен жител на Дебар по што од страна на Основниот суд-Гостивар одредена му е мерка притвор до 48 часа и истиот е спроведен во Казнено поправната установа „Затвор“-Скопје.

 |  Голабовски Крсте  | 
svr

сврПријавениот на шести овој месец, во својот дом, насилно извршил обљуба врз неговата 14 годишна ќерка, а настанот е пријавен наредниот ден. Веднаш по добивањето на пријавата известен е Центарот за социјални работи од Дебар. Од разговорот со оштетената било констатирано дека вакви дејствија се случиле повеќе пати и започнале пред три и пол месеци. По наредба на Јавен обвинител од Гостивар извршен е здравствен преглед на оштетената.

Пријавениот е и претходно познат сторител на казнени дела и против него во претходниот период се поднесени кривични пријави за кривични дела насилство, предизвикување општа опасност, измама и фалсификување на исправи.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top