100-от роденден на дедо Драган

Библиска мудрост, огромно знаење и богато животно искуство. Ова го стекна дедо Драган во неговиот еден век постоење. Целото семејство, пријатели, соселани, познаници, го посетија во неговата куќа за да му го честитаат 100тиот роденден.

 |  Мишел Наумоски  | 
rodenden
роденден

dedo DraganОд готвењето храна во кафаната „Зелен венец“ во Белград, до одењето на лов во дримколскиот регион, дедо Драган Шуминоски си насобра животно искуство со неговите 100 години. Вчера тој го прослави својот 100ти роденден. Во придружба на баба Крстана, неговиот животен сопатник, поминале низ сито и решето, но си ја зачувале слогата и разбирањето. Целото нивно семејство се собра да го прослави роденденот на дедо Драган, а тој најдобро ја отпочна веселбата, изрецитира песна.

Поминале повеќе од 60 години откако баба Крстана дошла во Боровец кај дедо Драган. Таа е 15 години помлада од својот сопруг, а ова е тајната како дедо Драган стигна до својата стотка.

„Навреме јадење, тој не си се секираше многу, мене никогаш не ме скара, така многу убаво си поминавме, а за јадење си јадит убаво. Шеќер многу си сака, него шеќерот го држи, наутро, навечер лажичето шеќер, е тоа го додржа. Си пиеше и ракивче и винце, а лек не беше напиен до годинава, тој не знаеше што е апче.“- вели баба Крстана-сопруга на Дедо Драган

tortaРоденденот на дедо Драган беше доволно силна причина за дури и од Австралија да дојде неговата ќерка Васа, а луѓе беа дојдени и од многу други места.

Зетот дојде да си го посети и баба Веса, сестрата на баба Крстана, која долго време не била во Македонија. Таа моментално живее во Белград.

„Не сме се виделе 40 години и сега сме дојдени кај зетот да го прославиме неговиот 100ти роденден. Нека му е среќен и сите да живеете толку години. За мене тоа е огромна чест, што се сретнавме, што се видовме после толку години, тоа ми е најголемо задоволство.“-рече баба Веса

Роденден на дедо Драган му честитаа и од месната заедница, кои му подарија часовник, а внукот Науме вели дека не било воопшто тешко да се соберат сите луѓе на едно место, бидејќи кога разбрале дека дедо Драган го прославува својот 100ти роденден, со задоволство решиле да дојдат.

И покрај целата прослава, и трите торти кои го означуваат бројот 100, се чини дедо Драган најмногу се израдува што гледа толку луѓе покрај себе. Иако, роденденот го слави на 26ти, дедо Драган е роден на 20.03 далечната 1911 година. Тој има 4 деца, 8 внуци и 13 правнуци.

so vnucite

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top