Робинсон во Струга

Шопска, сарма, пиењето кафе во струшките кафулиња и навистина убави девојки. Ова се нештата на кои „паднал“ Стивен Робинсон, од Меѓународниот мировен корпус.

 |  Голабовски Крсте  | 
Stephen Robinson
Стивен Робинсон

После животот во облачниот Сиетл, љубовта помеѓу Стивен и сончевата Струга, се случила на прв поглед. Тој студент на Меѓународниот мировен корпус, таа девојка на чија убавина тешко кој може да и одолее. Преку учеството во програмата на Мировниот корпус, на Стивен му се исполнила животната желба да мине две години во странство. Изборот Македонија да биде земјата во која преку програмата ќе престојува, бил случаен. Сега неговата волонтерска работа, е во рамките на Локалната агенција за развој од Струга. А, помошта од колегите, огромна.

Stephen Robinson„Тие навистина многу топло ме пречекаа и прифатија. Тие беа оние кои побараа од Мировниот корпус јас да престојувам во Струга. Може да се каже дека од ден на ден работиме се подобро и се усовршуваме заедно и тоа многу во последниве 4 месеци, зошто знаете, тешко е кога ќе дојдете однадвор, се прашувате, каде припаѓате“ вели Стивен.

Овие неколку месеци Стивен се обидува да открије како е најдобро да се работи како дел од еден тим и миси дека во следниве две години, ова ќе прерасне во еден многу добар и професионален и пријателски однос.Неговите познавања од Англискиот јазик, и изработката на проекти и нивна евалуација и имплементација, од кои има големи теоретски знаења, од факултет, се добредојдени во агенцијата.
Тој е голем љубител на брзата храна, како онаа америчката, така и на нашата македонската. Но двата месеци поминати во македонско смејство биле повеќе од доволни да се вљуби во македонската традиционална кујна.

„Се јадеше шопска салата и сарма, речиси секој ден и мене многу ми се допаѓа сармата“ кажува Стивен.

ldaМногу му се допаѓа начинот на живеење тука во Македонија. После Сиетл, каде навиката за пиење кафе е издигната до степен на култ, Стивен, пријатно се изненадил кога истото тоа го затекнал и во Струга. Воодушевен е од сличноста на начинот на социјализирање  во Струга и оној во Сиетл. А, откако е во Струга, прашање кое најчесто му го поставуваат е: Кои девојки се поубави? Американките или Македонките? Стивен со навистина дипломатски одговор.

„Македонија има навистина многу убави девојки, но исто така и Америка.Па да остане на тоа“, вели Стивен.
 
Слободното време го минува со пријателите, колегите од агенцијата во која волонтира, а овие неколку месеци друштво му прави и еден малечок териер. Исто така тука се контактите со останатие припадници на мировниот корпус сместени во Струга, но Стивен вели дека нема смисла интензивно да се дружат. Сепак, побогато искуство за него е оставрување контакти и минување време со локалното население, искуство кое како самиот вели ќе му помогне да сфати каде се сега Американците, културно, религиски, но не политички. Еднаш на секои две недели Стивен оди на часови по литературен Македонски јазик и веќе основите ги има.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top