Ресул Каба избран е за претседател на Совет на град Струга

Советот на општина Струга денес ја одржа првата конститутивна седница. На седницата беа верификувани мандатите на новоизбраните членови на Советот, а за претседател на Советот е избран ресул Каба од советничката група на ДУИ.

 |  Николоска Биљана  | 

Ресул Каба избран е за претседател на Совет на град Струга. Денес во оваа општина беше конституиран градскиот Совет. Верификациската комисија на сите 27 советници им ги врачи мандатите врз основа на уверенијата добиени од Општинската изборна комисија. За новоизбраниот претседател на Советот Каба, доверената функција е можност да придонесе за развој, посветла иднина и просперитет на општината. Каба потенцира дека ќе работи во согласност со правилата и деловникот и со целиот свој капацитет за подобар живот на граѓаните на општина Струга, без разлика на политичката, верска, национална и каква било друга определба.

Најпрвин јас им честитам на сите советници на општина Струга и на сите кои ме поддржаа. Како што знаете се залагавме за убави работи за Струга и за населените места и се надевам дека ова е еден историски ден за општина Струга и не чекаат добри работи за реализација“ – истакна Каба.

Честитајќи им го мандатот на советниците од новиот состав, градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко рече дека избран бил вистинскиот човек за претседател на Совет.

Сите ветувања од сите советници во кампањата да ги сублимираат во една програма која јас ви ветувам дека ќе ја имам во предвид и истата ќе ја имплементираме во нашиот мандат. Нема да разликувам или да давам предност на програми од едена или друга политичка партија, сакам сите да дадат предлози

Општина Струга на денешната седница, претседател на Совет доби со гласот на Илија Пејоски од социјалистичка партија, кој како што е познато е во коалиција со ВМРО – ДПМНЕ, а овој пат застана на страната на коалицијата ДУИ – СДСМ.

Ќе ги поддржувам сите добри предлози кои се оденесуваат за градот и селата. Јас потекнувам од село Мислешево, кај нас 8 години не е ставена ниедна лопата земја а камо ли асфалт и затоа секој добар потег и на ДУИ и на СДСМ ќе ги поддржувам

Поостра беше реториката на советниците од Алијансата на албанците. Нивниот советник Имер Имери изнесе забелешка дека биле свикани само по однос на точката на дневен ред за верификација на мандатот на советниците, а укажа и на тоа дека недеостигало професионализам при водењето на седницата.

На прв поглед формирано е едно тесно мнозинство што јас мислам дека не е стабилно и ќе е на штета на продолжување на работата на советот за понатаму. Бидејќи ова не е стабилна коалиција, 13 со 14 се гледа на некој член дека е за некој интерес а не за програми и проекти е влезен во таа т.н коалиција“

Струшките советници кажаа дека во престојниот 4 годишен период додека трае нивниот мандат, треба да донесуваат одлуки што ќе значат добросостојба и прогрес на општината, одлуки со кои ќе се подобри животот на младите и ќе ги стимулира да останат и да работат во Струга.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top