Решение ама привремено

Бројните кражби во струшките цркви, ги седнаа на иста маса инволвираните страни.

 |  Билјана Колоска  | 

Бројните кражби во струшките цркви, ги седнаа на иста маса инволвираните страни.

Засега, солуција за да се заштитат иконите е тие да се отстранат на одреден период.

sostanokПоследователните кражби во црквите од струшкиот регион, ги разбудија инволвираните страни. На маса, за овој проблем се зборуваше на состанокот на кој присуствуваа претставници на Охридската Епархија, Црковните одбори од струшкото ерхиерејско намесништво и претставници од ОВР Струга. Едногласно донесоа неколку заклучоци, за кои ценеа дека ќе се од големо значење за да се заштитат верските објекти.

„Како заклучок се доби дека мора да делуваме како субјекти сите заедно. Мора засега, еден дел од иконите да ги лоцираме во одредена просторија каде ќе бидат побезбедни“-вели Игор Никовски, секретар на „Дебарско Кичевска“ Епархија.

„Околу заштитата на иконите на предложениот начин, дополнително ќе донесеме став. Незнаеме како останатите граѓани од месните одбори  ќе ја прифатат  оваа варијанта“-итакна  Марко Алачкоски,  од црковниот одбор од село Боровец.

Трајно решение би било доколку се отвори музеј за икони во градот. Тогаш културното наследство ќе биде побезбедно и на тој начин ќе спласне интересот кај криминалците да посегнуваат кон истите, вели секретарот на Охридската Епархија.
Покрај ова решение, на состанокот се донесоа и други заклучоци;
Црквите да бидат под зголемен надзор, како физички така и технички. Едноглано се кажа дека недостасува и поголема комуникација помеѓу населението и полицијата на терен.

За да се види кои би биле добивките од вчерашната средбата, следен состанок се очекува да се оствари за еден месец, во ист состав.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top