Местото на градскиот плоштад веќе неколку години е претворено во руина, истото е запуштено и небезбедно. Стружани гласно коментираат дека жалосно е тоа што се случува пред очите на локалната власт, а очигледно е заборавено од централната.
Споменикот на револуцијата во Струга претворен е во невидена руина. Местото на градскиот плоштад, каде до пред само некоја година постарите стружани враќајќи се од пазар да се одморат и да се напијат голтка вода, а помладите да се состанат и разменат по некој муабет, не само што ја грди сликата на градот туку претставува општа опасност по безбеднодта на луѓето. Расфрлан отпад насекаде, искршени плочки и фрлени во фонтаната која одамна не е во функција, отворени дупки долги дури и по два метри а длабоки по половина метар, шахти, искршени столчиња и што уште не, се дел од амбиентот на ова место. Стружани многу се револтирани на локални власти. Сметаат дека вината лежи во нив.
„Како беше тој споменикот и плочките, тоа многу фино беше, сега се запусти незнам што е работата, да ти е гнас да излезиш и да седниш тука, нема вода ни да се напијаш, ни да се измијаш. Ова се запусти споменикот од какао дојдоа некои градоначалници се се запусти сега сметам дека и градоначалникот не поводи сметка ниту за нас пензионерите нема каде да седниме“.
Други пак веруваат дека новиот градоначалник ќе ја среди состојбата во градот не само на плоштадот туку и воопшто во целата општина.
Актуелниот градоначалник Рамиз Мерко со образложение зошто досега не е преземено ништо од нивна страна за уредување на градскиот плоштад кај Споменикот на револуцијата.
„Веќе пет години трае барањето за измена на ДУП, УЕ4 исток, каде е предвидено во тој дел да има подземни паркинзи. Затоа досега тоа место не е оддржано на потребното ниво, бидејќи истото треба да стане подземен пшаркинг а во горниот дел ќе има шадрвани клупи и други содржини“.
Овој монументален комплекс во Струга е еден од најголемите и најубавите споменици во Македонија, подигнат во спомен, чест и слава на жртвите кои ги даде Струга и Струшко воНародно-ослободителната и Антифашистичка Војна на Македонија 1941-1945 година.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град