Рамиз Мерко конечно задоволен од соработката со централната власт

Откако неговите сопартијци се дел од составот, Мерко вели се чувствува дека работите тргнаа во нагорна линија.

 |  Билјана Ќосеска  | 
opstina Struga
општина Струга

Откако неговите сопартијци се дел од составот, Мерко вели се чувствува дека работите тргнаа во нагорна линија.

Централната власт застана на страна на струшкиот градоначалник.  Откако ДУИ  стана дел од новиот состава на Владата автоматски престанаа обструкциите кон градоначалникот на Струга,  Рамиз Мерко. Очигледно беше дека во последниов период само во рок од еден месец општината ја посетија повеќе министри.

„Скоро сите министри речиси секој ден не прашуваат што и недостига на општината и во што треба да помогнат“-вели Рамиз Мерко,градоначалник на о.Струга.

Ramiz MerkoСоработката со централната власт во моментов е на високо ниво иако тоа не би го кажал и за одредени министри кои и понатаму држат инает, вели Мерко. Според него, министерот за транспорт и врски Миле Јанакисески и понатаму ја обструира работата на градоначалникот. Во сето тоа најмногу трпи нерешениот спор за сопственоста на струшките плажи. И покрај тоа, Мерко е голем оптимист дека со  соработка на двајцата лидери, за скоро ќе го реши и овој проблем.

„Јас мислам дека веќе сме во преговори и очекуваме плажите да ги добие општината. Единствево таа најдобро знае да минаџира со плижите“-додаде градоначалник.

Првиот човек на Струга се надева дека следнава година соработката со централанта власт ќе биде на уште повисоко ниво. Ако тие ги подржуваат проекти на општината а зависат од нив, тогаш и ние им стоиме на располагање, додава градоначалникот.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top