Радомир Андриќ, лауреат на „Година на есејот“

Повелбата „Академија на медитеранот“, годинава, во рацете на српскиот писател Радомир Андриќ. Оваа повелба се врачува на меѓународната манифестација „Година на есејот“, која се одржува по петти пат во Струга.

 |  Билјана Николоска  | 
Radomir Andric
Радомир Андриќ

Струга во знакот на меѓународната манифестација „Година на есејот“. Оваа реномирана манифестација годинава го бележи своето петто издание. Организатор е Медитеранската академија „Браќа Миладиновци“, а по повод 150 годишнината од објавувањето на Зборникот на Браќата Миладиновци. Разме Кумбароски кој во рамките на одбележувањето, освен во тимот на организатори беше вклучен и со промоција на својата книга „Минатата година во Енхалон“, рече дека Струга е спремна за меѓународната манифестација „Година на есејот“.

Годинешниот лауреат Радомир Андриќ, вели дека чест е да се добие награда од ваков ранг, бидејќи според него, градот Струга е престолнина на поезијата во целиот свет. Андриќ со својата поетска реторика потенцира дека Македонија била роден крај на неговата поезија.

Еva Ras i AndricМеѓу учесниците на 20те балкански земји присутна беше и Ева Рас познатата српска актерка, сликарка и писателка. Таа положи свежо цвеќе пред споменикот на  Браќата Миладиновци, а за Струга одвои посебни зборови преку кои се изрази. „Струга е едно посебно место и секогаш кога сум тука во мене владее мир и спокојство“.

На манифестацијата, како што информираат организаторите, ќе учествуваат многубројни есеисти, теоретичари и писатели од Балканот. Вечерва,

предвидено е присутните да ги поздрави и претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Георги Старделов, кој ќе се осврне на темата „Вечните Миладиновци“. Вториот дел од свеченоста ќе му биде посветен на поетскиот портрет на лауреатот на наградата „Академија на Медитеранот“, Радомир Андриќ.

Радомир Андриќ е роден во Љубање, близу Ужице, 1944 година. Автор е на многубројни збирки поезија во кои пишува за детството и младешките години поминати на село, народната уметност и нишките меѓу минатото и сегашноста.

 

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top