Работна средба на СВР со жителите од Лабуништа

„Актуелните настани и безбедносната состојба во Лабуништа“ е тема на  состанокот што Секторот за внатрешни работи Охрид го организира со советодавната група граѓани од селото Лабуништа.

 |   | 
SVR
svr

labunista„Актуелните настани и безбедносната состојба во Лабуништа“ е тема на  состанокот што Секторот за внатрешни работи Охрид го организира со советодавната група граѓани од селото Лабуништа.
На средбата која вечерва во 19 часот ќе се одржи во ова струшко село, ќе биде направен пресек на актуелните настани и состојби, ќе бидат изнесени мерките и заложбите на полицијата за сеопфатно и законско делување во нивното решавање.
Средбата со советодавната група граѓани од Лабуништа, која има превентивен карактер, ќе придонесе за враќање на меѓусебната доверба, ќе значи цврста определба за соработка и издигнување на повиско ниво на севкупната безбедносна состојба во Лабуништа и пошироко, зачувување на мирот, односно елиминирање на сите облици и форми на нарушување на јавниот ред и мир и други облици на асоцијално и насилно однесување.
Средбата со советодавната група граѓани, ќе биде искористена и за дискусија со жителите на Лабуништа и Боровец, договарање на мерки и градење стратегија за превенција на насилството како модел за решавање на недоразбирањата и отворените прашања.  
На средбата со Советодавната група, која ќе се одржи во Лабуништа, во просториите на невладината организација „Икре“, покрај претставници на СВР Охрид, ќе присуствуваат претставници од црковните и џамиски одбори од Лабуништа и Боровец, советници од Лабуништа во советот на општината Струга, претставници на ОБСЕ,  невладини организации и заинтересирани граѓани.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top