Пуштени во употреба 402 контењери за селекција на тврд отпад

Овие садови се наменети за општините на југозападниот плански регион. Мерко вели дека со тоа обезбедена е примарна селекција на отпад во сите општини каде ќе се користат.

 |  Билјана Николоска  | 
kontenjeri
kontenjeri

Советот на Југозападниот плански регион, солидно ја заокружи годинава. Значајни проекти се реализираа, а за наредната година во Бирото за развој и во Министерството за Локална самоуправа чекаат уште 10 големи проекти, се пофали претсдателот на ова тело Рамиз Мерко. Како добра реализација на еден важен проект, Мерко ги спомна новите садови за смет, кои според него се совршени за примарна селекција на отпад, а кои веќе се во рацете на ЈП на општините од југозападен регион.
sostanokПокрај новите садови за одлагање на смет, општина Осломеј, кичевско, доби мерен уред за проверка на загадувањето на ТЕЦ Осломеј, бидејќи од тоа оваа општина имаше голема потреба, вели Мерко. Исто така и три апарати за детектирање на дефекти во водоинсталационата мрежа, си го најдоа своето место, додава тој.
Мерко вели дека годинешната програма на Советот на Југозападниот плански регион, во целост е исполнета. На завршниот состанок на ова тело се расправаше за трошоците во 2011 година, како и за буџетот за наредната година а воедно и за приоритетните проекти кои треба да се реализираат во општините на Југозападниот плански регион, за годината што претстои.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top