Првиот снег за некого радост, за други пак проблеми

Охрид под снежна покривка. Снегот кој започна да паѓа по полноќ, ги израдува децата, но и им зададе дополнителни ангажмани на ЈП задолжени за расчистување на улиците и овозможување на нормално одвивање на сообраќајот.

 |  Татјана Маленкова  | 
cistenje na snegot
чистење на снегот

Директорот додава дека утрово се чистел и стариот град и тоа рачно затоа што во овој дел на Охрид поради тесните учици и паркирани автомобили, неможе да помине механизацијата на ЈП. Алче апелира и до граѓаните секој поединечно да го исчисти снегот од пред своите домови и деловните објекти, за нормално одвивање на сообраќајот и движење на граѓаните.
Покрај локалните, годинава навреме исчистени и регионалните патни правци кои водат кон и од Охрид.  „Ние согласно зимската оперативна програма подолг период сме подготвени да делуваме во вакви услови. Изминатава недела во неколку наврати интервениравме во осојничките места каде имаше појава на голомразица и одрони, вели директорот на ЈП Македонија пат подрачна единица Охрид, Лазар Ставрески.

„ Во 01 часот механизацијата излезе на терен ги третиравме делниците до 06 – 07 часот се беше расчитено и уредено за сообраќај. Се пратат состојбите, температурните листи, потребата од понатамошни интервенции ќе ја наложи времето“, вели Ставрески.

Директор на подрачната единица на Македонија пат вели дека абразивниот матријал кој се користи до одредена мера заштитува и од голомразица.

„ Работиме со абразивен матријал РИЗЛА. Во нормални околности го мешаме 3:1 но при драстични намалувања на температурата ќе се работи со поголема количина на абразивен матријал и патните правци ќе се третираат почесто“, вели директор на подрачна единица на Македонија пат.

И од СВР потврдуваат дека проодноста на патиштата кои водат кон и од Охрид е добра. По извршената контрола од страна на сообраќајната полиција констатирано е дека патиштата во нашиот град се навремено и правилно третирани.
Од секторот апелираат до возачите да бидат повнимателни и  во вакви услови да се прилагодуваат спрема условите на патот.
Денеска токму поради оваа причина неприлагодена брзина спрема условите на патот се случи и една сообраќајна незгода на магистралниот пат Охрид – Кичево на потегот помеѓу селата Климештани и Мешеишта. Во нереќата учествуваа две патнички моторни возила, за среќа повредени нема, но причинета и голема матријална штета.    
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top