Искуствата и праксата од Шпанија пренесени во Струга.
„Дозволете да развиваме нови вештини“ е новиот проект на „Порака нова“ , струшкиот центар за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост. Анита Гаговска, координаторот на овој проект вели дека посебно е задоволна што едно високо светско искуство за прв пат се применува во Македонија. Станува збор за примена на електронска база на податоци за лица со интелектуална попреченост. Во проектот предвиден е рекреативен центар кој во целост е преточен од шпанските искуства додава Гаговска.
„Во четири работилници ќе се обработуваат теми, што е тоа интелектуална попреченост, како родителите да го прифатат тоа и каков би бил третманот на тие лица во домашни услови“, вели Гаговска.
Проектот содржи различни курсеви. Има курс за социјални вештини, за спорт, за градинарство, за фотографија, музико-терапија и друго потенцира Гаговска. Таа додаде дека тоа е со цел идните едукатори во Рекреативниот центар да се запознаат со проблематиката на интелектуалната попреченост, начинот на работа со нив, како и препораки за изготвување на инклузивна програма за курсот.
Гаговска во кратки црти ги појасни главните карактеристики на лицата со интелектуална попреченост и каков треба да биде односот кон нив. Таа истакна „Станува збор за состојба која не е болест, и мора да се свати како попреченост која трае во целиот животен тек“.
Во моментов Центарот во Струга работи со 15 деца со интелектуална попреченост, претежно на адолесцентна возраст. Центарот ги има сите потребни услови за работа. За брзо време тој простор ќе се адаптира во зависност од потребите на проектот, што значи дека ќе има преградување како би се добиле неколку училници во кои ќе се изведуваат курсевите, велат од Центарот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град