Протест на жителите од Бороец и Јабланица

Граѓаните реагираат на неконтролираната сеча на дрвјата од страна на Македонски шуми. Тие се плашат дека поради овој проблем ќе се загрозат изворите на планината од каде добиваат вода за пиење, но и од лизгање на земјиштето. Директорот на македонски шуми вели дека сите активности на Јабланица се одвиваат според соодветна планска докумнтација.

 |  Татјана Маленкова  | 
seca na Jablanica
сеча на Јабланица

protestПротести во Бороец. Месните заедници од ова село но и од Јабланица реагираат поради неконстролираното и немилосрдно сечење на шумата на планината Jабланица. Се сечи и берe се што ќе се стигне, поради тоа бараме од одговорните да ни пуштат експерти и да ни кажат што уште се планира да се направи“, вели претседателот на месната заедница од Бороец, Ружди Исмаиловски.

„ Имавме средба со директорот на Македонски шуми и тој ни кажа дека ќе го берат и реонот над селото. Ги браниме изворите од Еленов рид и Петров камен, од каде добиваме вода за пиење“, додава претседателт на МЗ.
Исмаиловски додава дека се плашат од пресушување на планинските извори, но и од лизгање на земјиштето.

„Инаку горе сега има околу 3000 кубици не собрани исечени дрвја и уште 10,15 илјади имале намера да ги берат“, вели Исмаиловск.

Претседателот на месната заедница вели дека во неколку наврати имал испратено дописи до министерствата за шумарство, за транспорт и врски, животна средина, но и до македонски шуми, во кој бараат образложение за случувањата на Јабланица.
„Со оглед на тоа што од ниту еден орган до овој момент немаме добиено никаков одговор не ни останува ништо друго туку само да се сомневаме дека станува збор за незаконски активности, вели Исмаиловски. И останатите жители на Бороец, разочарани од случувањата. Тие тврдат дека она што во моментов се прави не е ништо друго туку криминал.

protestДиректорот на ЈП Македонски шуми, Жарко Караџоски вели дека е запознаен со случајот Јабланица. Тој додава дека до нив многу често пристигнувале жалби, дека се врши недозволена сеча на шумата, но според него сите активности таму се според соодветна планска докунтација. Караџоски додава дека проблемот е во тоа што мештанита секаат да стопанисуваат со шумата. „ Направена е ревизија во докуменатцијата, но не е најдено ништо надвор од законот. Директорот признава дека има кражба на дрвја во регионот на Струга и Струшко, за што се известени шумската полиција и инспекторатот, меѓутоа таквите случаи лесно неможе да се спречат“, додава Караџоски.   

Дека жителите на Бороец и Јабланица си стојат на зборот, дека нема да ги пропуштаат камионите со товар на дрва кои сакаат да поминат, се уверивме и ние. Додека снимавме бевме сведоци на таков настан, кога возачот на камионот беше приморан да побара поциска помош за да помине. Но и по интервенцијата на полицискиот службеник, камионот не само што не беше пропуштен, туку истиот беше вратен назад не само поради товарот, туку и поради немањето на сообраќајна дозвола на возачот.     
Инаку според некои проценки целата шума на Јабланица вреди околу 5 милијарди евра. Значаен е и фактот што таму има 4 врвови на кои постојано има ветар на кои можат да се изградат 4 ветерници. Една ветерница може да произведува струја за 60 илјади жители.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top