Протест на учениците од средното училиште „Ибраим Темо“ Струга

После вчерашниот инцидент во кој професор во средното струшко училиште „Ибраим Темо“ со метален боксирач удри по глава ученик, денес протест на учениците пред судот. ОЈО на професоот по англиски јазик со децениски стаж во школото, му одреди мерка притвор во траење од 8 дена.

 |   | 

Осумдневен притвор за професорот од струшкото „Ибраим Темо”, кој вчера со метален боксирач повреди уеник во глава. Учениците од средното струшко училиште, денеска со мирен протест пред струшкиот суд. Го изразија својот револт. Гневни и лути бараа притвор и висока казна за професорот, кој го повреди ученикот.

За случајот што се случи вчера да не се повтори пак. Да добие притвор не сме сложни да биде пуштен. Нас не пуштаат на училиште за да сме слободни. Не сакаме да одиме со страв во школо – вели Сара Кадриоска ученик од средното училиште „Ибраим Темо”.

На вчерашниот инцидент му претходеле вербални навреди од страна на професорот упатени кон негова колешка, на што ученикот се обидел да се спротистави по што и тој добил закани по живот. 57 годишниот професор, во еден момент со метален боксирач по глава го удрил ученикот, кој заврши на болница.

Слушнав гласини од учениците, викотници и слегов долу тој беше заклучен во кабинетот по англиски, а учениците стоеја пред врата да го претепаат. Наставниците и јас се трудевме максимално да не дојде нешто лошо и по неговиот живот, оти во тие моменти ученеците беа излезени можеа и да го убијат – вели Бесиме Јонузи директорка на ОСУ „Ибраим Темо”.

Професорот е итно суспендиран, но обвинителство го пушти на слобода, што предизвика голем револт кај учениците.

Ова не е прв инцидент на професорот по англиски јазик со децениски стаж во училиштето, тој и претходно се заканувал на колеги, колешки и ученици за што има пријави во полиција.

 

Новинар : Соња Рилковска 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top