Повеќе рибарски мрежи во должина од околу сто метри со дваесет и осум парчиња риба, Охридска белвица, се пронајдени и одземени од водите на Охридското езеро при патрола на полициската станица за граничен надзор.
На 19-ти овој месец, во близина на населбата Калишта на струшкото крајбрежје, на околу 300 метри од брегот на езерото, биле пронајдени четири несоодветно обележани рибарски мрежи со должина од по 50 метри кои немале соодветен жиг од Државниот инспекторат за земјоделие. Бидејќи овластениот концесионер во тој дел од Охридското езеро не ги поставил рибарските мрежи, констатиран е прекршок од Законот за рибарство и аквакултура од страна на непознати лица. По неколку часа, езерската полициска патрола на 800 метри од брегот на езерото кај Калишта, пронашла уште дванаесет рибарски мрежи со должина од по 50 метри како и улов од дваесет и осум парчиња риба, Охридска белвица. Мрежите, по консултација со јавниот обвинител и надлежниот инспектор од државниот инспекторат за земјоделие, како строго забранети за риболов се подигнати заедно со уловот на риба.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град