Пронајден кокаин во дом на стружанец

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“ полициската станица од Струга против лицето Д.О. (58) од Струга, поднесе кривична пријава, по што него одредена му е мерка притвор до 30 дена.

 |  Голабовски Крсте  | 
kokain
коакин

kokainПоради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“ полициската станица од Струга против лицето Д.О. (58) од Струга, поднесе кривична пријава, по што него одредена му е мерка притвор до 30 дена.   

На 22-ри февруари оваа година, при претрес во неговиот дом, полициските инспектори пронајдоа 262,75 грама опојна дрога кокаин.

Пријавениот Д.О. кокаинот го спакувал во помали опаковки и ги сокрил на различни места во куќата.

Различни количини кокаин пронајдени во пластична кутија засолната во висечки елементи во кујната од неговиот дом, а во пластична кутија од шумливи таблети забележани се помали паковања завиткани во црна најлонска кеса.

kokainПомали опаковки со кокаин пронајдени се во ѓезве за кафе а четири пластични цефки со остатоци од кокаин се забележани во корпа за ѓубре.

Пријавениот Д.О. е лице познат на службата против кого, по слични основи и досега биле поднесувани кривични пријави.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top