Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ полициската станица од Струга против Д.У. (67) поднесе кривична пријава.

На 14-ти овој месец, при претрес извршен во неговиот дом во Струга, полициските инспектори пронајдоа 53 грама опојна дрога хероин. Пријавениот Д.У. хероинот го спакувал во помали опаковки и ги сокрил на различни места во куќата.
Четири алуминиумски фолии и една дигитална вага се пронајдени во пластична кутија засолната во висечки елементи во кујна на приземјето од неговиот дом, а во преграден плакар во друг дел забележани се две паковања завиткани во црна најлонска фолија. Во женска ташна сопственост на сопругата на пријавениот, пронајдена е една опаковка завиткана во црна најлонска кеса додека во гаражата под стари теписи пронајдена е уште една фолија со хероин.
Пријавениот Д.У. е лице познат на службата против кого, по слични основи и досега биле поднесувани кривични пријави.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град