Промоција на женски бизниси

Женaтa темел на многу бизниси. Нејзината одговорност допринесува таа да може и железни порти да отвори. Македонската развојна фондација за претпријатија и Партнерс Албанија се сретнаа на саемот претприемачки,кој се одржа во Хотел „Дрим“, Струга.

 |  Билјана Николоска  | 
saem biznisi Struga
saem biznisi Struga

saem biznisi Struga40 претприемачки од пограничната зона Струга и Поградец, добро се покажаа. Имаше што да се погледне во холот на струшкиот хотел „Дрим“, на поставените штандови полни со, ткаени, везени, плетени шиени ракотворби, штандови со флаери од областа на  угостителство, како и производи од најразлични индустриски гранки. Јасмина Попоска од Македонската развојна фондација, рече дека се сублимираат искуствата на жените од Струга и Поградец. Додаде дека веќе се покажуваат позитивните ефекти од нивните бизниси.
Претставникот од Албанија, Ариола Аголи, упати благодарност до организаторите на саемот и потенцира дека ваквите настани претставуваат нераскинлив дел од една успешна обострана соработка. Таа смета дека полека но сигурно чекорат кон целта, промоција на женскиот бизнис во пограничната зона.
saem biznisi StrugaСтартот на проектот, Промоција на женско претприемништво во пограничен регион Струга-Поградец, со доза на резерва го прифатил Владислав Жупан, претставникот на општина Струга. Имено Жупан се јавува во функција на најдобро упатен во оваа проблематика бидејќи подолго време ја следи состојбата. Неговиот став после неколкуте заеднички реализирани активности со жените претприемачи е сосема сменет.
Збор два кажаа и бизнисменките од Струга и Поградец. Тие сметаат дека саемите се одлична можност за соработка, која пак понатака ќе помогне  многу во развојот на бизнисот.
На саемот се отвори можност за воспоставување на деловна соработка од повеќе сфери на бизнисот. Исто така имаше дегустација на јадења од надалеку познатата традиционална македонска кујна. Проектот Промоција на женско претприемништво во пограничен регион Струга-Поградец, финансиски е поддржан од Европската Унија, со цел да се подржи економскиот и социјалниот развој во погранично подрачје помеѓу двата соседи Македонија и Албанија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top