Се продава дел од локацијата на МЈП ПРОАКВА-Струга

Бизнисмен од Радолишта планира да ја купи старата зграда на МЈП „Проаква“ во Струга. На тоа мeсто ќе никне атрактивен објект, најави градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.

 |  Николоска Биљана  | 
proakva
проаква

Се продава дел од локацијата на МЈП „Проаква“. Старата зграда на ул. „Кеј 8 ми Ноември“, бб Струга веќе е на тендер, информира првиот човек на општина Струга Рамиз Мерко. Тој додава дека постапката е согласно програмата на Локалната за 2012 та година, која е помината на совет и веќе има заинтересиран, бизнисмен од струшкото село Радолишта. Градоначалникот Мерко не го откри името на компанијата, но ја потенцира според него важноста од продавањето на објектот.

proakva zgrada„Ние мислиме дека тоа е позитивно за Локалната самоуправа, бидејќи тоа место треба да се изгради. Со продажба се акомулираат средства не само од продажбата туку и од комуналии и тоа место треба да стане едно атрактивно место не само за комерцијално деловни објекти туку и за станување, со тоа добива не само општината туку и граѓаните но и компаниите кои ќе работат“-вели Мерко.

Продавањето на дел од локалцијата на МЈП „Проаква“-Струга е добра финансиска поддршка за Локалната, убедува Мерко. Тој  воедно има решение и за тоа каде ќе ги носи вработените.

„Што се однесува до вработените, со договорот што се склучи, вработените ќе останат тука уште најмалку 6 месеци а за тоа време проаква предвидува изградба на свој канцеларии за вработените не подалеку од магацинските простори после раскрсницата за Велешта“-изјави градоначалникот.

Струшката локална самоуправа, од продажбата на објектот првично ќе се офајди со 37 милиони денари за објектот и земјиштето, плус средствата за комуналии при градба. Вака стојат работите околу продажба на дел од локалцијата на МЈП ПРОАКВА, Струга. Како што е добро познато оваа локација е на атрактивно место покрај кејот на реката Црн Дрим, каде стружани за брзо можат да очекуваат или хотел или стамбено деловен комплекс.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top