Министерот за животна средина на РМ Садула Дураку, истакна дека оваа влада ќе се обиде преку користење на средствата од ИПА фондовите да се изнајде постојано решение за проблемот со дивите депонии, особено на онаа во Струга.
Решавањето на проблемот со дивите депонии во земјава, не може да се случи преку ноќ. Министерот за животна средина на РМ Садула Дураку, истакна дека оваа влада ќе се обиде преку користење на средствата од ИПА фондовите да се изнајде постојано решение за проблемот со дивите депонии, особено на онаа во Струга.
„Дивите депонии не се од оваа година, тие диви депонии постојат во Македонија веќе триесет години. Ние заедно со Владата на РМ и нашите пријатели и ИПА програмите, ќе изнајдеме постојано решение за проблемот со дивите депонии“ додаде Садула Дураку – Министер за животна средина на РМ.
За комплексноста и сериозноста на проблемот со дивите депонии во земјава свесни се и од ЕУ. Евроамбасадаорот Самуел Жбогар, потенцира дека и покрај сериозноста и комплексноста на овој проблем, првиот чекор мора да се направи кон решавање на истиот.
„Ние од ЕУ преку ИПА фондовите сме на некој начин инволвирани во решавањето на проблемите со менаџирањето на депониите во земјава. Со неколку општини веќе се водеа разговори за отварање на регионални депонии. Ова е процес кој трае и немам одговор за ситуацијата во Струга, не сме директно инволвирани, но доделуваме значителни средства за справување со отпадот во земјата“ рече Самуел Жбогар – ЕУ амабасор во РМ.
Луиза Винтон – постојан претставник на УНДП во МК истакна дека го делат мислењето на евроамбасадорот, дека станува збор за навистина сериозен и комплексен проблем чиешто решение ни оддалеку не е едноставно.
„УНДП моментално е инволивара во релокацијата на депонијата кај Гевгелија од локација блиску реката Вардар, до локација определена од експерти која нема да влијае негативно на животната средина, и увидовме дека за решавање на ваков проблем не се доволни само заложбите на министерството, туку потребна е и соработка меѓу општините од различни региони од земјата“ објасни Луиза Винтон – Посотјан претставник на УНДП во МК.
Инаку, од граѓанската иницијатива „Доста е“ велат дека дека состојбата во Струга станува уште покритична бидејќи во моментов нема фирма која ја одржува депонијата. Претходно депонијата беше прекриена со земја и песок со ветување дека тоа е само превентивна мерка, за да не може повеќе да се пали. Од општина Струга велат дека до Владата веќе доставиле две времени решенија за можни локации и дека за тоа ќе се разговара и на Владина седница.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град