Грижа за клиентот пред се. Ова е главното мото под коа делува „Кроација осигурување“ АД неживотно осигурување. Синоќа во Св. Наум, во хотелот „Маркони“, одбележан јубилеј по повод 2 години успешна работа во Македонија, посебно во охридско – струшкиот регион. Првиот човек на „Кроација осигурување“, АД Скопје, Драган Лазарески, вели дека не случајно е избран комплексот Св Наум, место од кое се црпи енергија и инспирација. Според него посветеноста кон клиентите во овие тешки економски услови е главна задача на неговиот менаџерски тим. Ова осигурително друштво од останатите осигурителни друштва се разликува токму по тоа.
Првиот човек на „Кроација Осигурување“, од Загреб, Здравко Зрнушиќ, рече дека нивната доверба во Македонија веќе е стекната и дека тука гледаат добри деловни партнери.
На Ѓоко Танасоски од охридската подружница на Кроација осигурување му беше врачено признание за најдобра интерна продажба. Тој беше затечен од овој гест, но сепак рече дека тоа е поттик за во иднина повеќе да работат и уште повеќе да се докажат. Танасоски истакна дека изминативе две години осигурителниот бизнис бележи намален интензитет на осигурување, но убеден е дека веќе закрепнуваат од таквата состојба.
„Кроација осигурување“, според досегашните искуства од пристапот кон работата, може да си го најде своето место во осигурителниот бизнис во државава, и кон тоа и понатаму ќе се стремиме, велат од менаџерскиот тим на АД Скопје, Друштво за неживотно осигурување. На свеченоста присуствуваа претставници на амбасадата на Р. Хрватска, комплетниот менаџерски тим на друштвото од Загреб, претставници на локалната самоуправа, деловни партнери вработени во „Кроација осигурување“ како и гувернерот на НВО Лајонс од Македонија, Савески. Тие во текот на вчерашниот ден оствариле средба со градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, и разгледале дел од убавините на градот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град