Разговорите во Полициската станица се обавени во присуство на родителите на учениците. На разговори ОВР Струга дополнително повика уште две лица со цел расветлување на околностите кои што претходеле на тепачката, рече портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Разговорите во Полициската станица се обавени во присуство на родителите на учениците. На разговори ОВР Струга дополнително повика уште две лица со цел расветлување на околностите кои што претходеле на тепачката, рече портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Дваесет и двајца ученици од втора година од гимназијата „Ибрахим Темо“, биле повикани на информативен разговор во полициската станица во Струга. Според СВР Учениците се сомничат дека учествувале во масовната тепачка што вчера околу пладне се случи на околу 300 метри од училиштето.
Во Полициската станица, Струга дополнително повикани се уште две лица со цел расветлување на околностите кои што претходеле на тепачката. Разговорите во ПС Струга се обавени во присуство на родителите на учениците, а полициските службеници преземаат мерки во насока на идентификување на сите учесници во тепачката, изјави денеска Стефан Димоски – портпарол на СВР Охрид.
Димоски информираше дека во разговорите се добиени конкретни сознанија за инцидентот и дека во текот на денешниот ден продолжуваат активностите на ПС Струга.
„Она што е приоритетна активност на полициските службеници е лоцирање на причините за овој настан. Се до овој момент јас не би можел децидно да одговорам за какви причини всушност станува збор. Се надевам дека до тој одговор ќе дојдеме набрзо после денешните разговори кои што ги обавуваат полициските службеницио во Струга“, додаде Димоски.
Инаку во масовната тепачка што вчера се случи во близина на старата пожарна во Струга, биле вклучени околу 60-тина ученици од втора година, од гимназијата „Ибрахим Темо. Епилогот од тепачката се тројца повредени. Двајца од нив полесно, додека еден ученик се здобил со тешки телесни повреди. По укажаната помош во градската болница во Струга, тешко повредениот ученик е пренесен на лекување во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид и се наоѓа надвор од животна опасност.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град