Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дел „насилство“ полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Н.Ц.(31) Е.Ц.(24) и Е.З.(25) сите од Кичево.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дел „насилство“ полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Н.Ц.(31) Е.Ц.(24) и Е.З.(25) сите од Кичево.
Пријавените, на трети мај оваа година, физички го нападнале Е.Б. од Кичево удирајќи го со раце, ноsе и со разни предмети нанесувајќи му телесни повреди по целото тело. Настанот се случил околу 16 часот и 40 минути на улицата „11 октомври“ во Кичево пред зградата каде оштетениот живеел. Тука, пријавените го сочекале Е.Б. и веднаш го нападнале задавајќи му повеќе удари со раце и ноsе по целото тело. Во момент кога пријавените од патничко моторно возило извадиле секира, рачна моторна пила, еден клуч за автомобилски тркала и еден дрвен предмет, оштетениот Е.Б. успеал да избега во својот дом на приземјето од стамбената зграда.
Пријавените насилно влегле во станот каде било неговото семејство и тука повторно го нападнале Е.Б. задавајќи му уште неколку удари со дрвениот предмет по целото тело. Тука оштетениот искористил згодна прилика и повторно им избегал на тројцата пријавени. Набрзо тие се приведени во полициската станица во Кичево.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град