Приведени браќата Миладинови

Приведени браќата Миладинови, сопствениците на фабриките Кимико.

 |  Билјана Ќосеска  | 
Miladinovi
Миладинови

Тие беа предмет на истрагите што ги водеа Јавното обвинителство и Дирекцијата за спречување на перењето пари во врска со промената на сопственичката структура на струшкиот хотел „Изгрев“.

Министерството за внатрешни работи денеска, поднесе кривична пријава на 70 страници, против 16 лица од кои двајца сосопственици и еден поранешен управител на фирмата „Миладинов“ ДОО.

Покрај браќата Миладинови се покренато е обвинение и против  двајца адвокати и нотари, тројца судии, еден поранешен раководител и еден референт во катастар-Струга, стечаен управник, двајца сопственици на приватни фирми и едно физичко лице од Струга, Скопје и Охрид. Се теретат за  кривични дела „измама“, „измама при добивање кредит или друга погодност“, „перење пари“, „злоупотреба на службената положба и овластување” и „фалсификување на исправа“.

hotel IzgrevИнаку познатите бизнисмени од Струга и некогаш блиски соработници на МПЦ, на  јавноста познати по  аферата со хотелот „Изгрев“, за којшто на 18 овој месец МПЦ искешира 1,5 милиони евра. Браќата Миладинови беа предмет на истрагите што ги водеа Јавното обвинителство и Дирекцијата за спречување на перењето пари,  во врска со промената на сопственоста на хотел „Изгрев“. Поделени се парите од продажбата на хотелот за што пред повеќе од еден месец, Скопската епархија која сега е сопственик на хотелот плати 1,5 милион евра. Милион и 300 илјади евра доби НЛБ „Тутунска банка“, а 200 илјади фирмата „Авел“, како доверители на фирмата „Миладинов“,  која за земени кредити и позајмици од нив, како хипотека го ставала „Изгрев“. Заплеткувањето на случајот „Изгрев“ продолжува, каде како капитал на „Миладинов“ удел порано имаше и МПЦ, која сега, со купувањето на овој хотел, предизвика скандал во јавноста со црковната бизнис зделка.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top