Приватното јавно партнерство и неговата примена во туризмот

Колку приватно јавно партнерство може да ја подобри состојбта во туризмот кај нас?

 |  Крсте Голабовски  | 
usa ambasada
сад амбасада

predavanjeВо организација на Американската амбасада се одржа предавање во Струга на кое беа согледани американските искуства во оваа област и можноста за нивната примена кај нас.

Приватно јавно партнерство, начин за излез од кризата во која западна туризмот кај нас. Станува збор за еден од начините на финансирање на локалниот развој, кој може да биде применет и во сферата на туризмот. Владислав Жупан од Локалната самоуправа од Струга информира дека голем број проекти како на локално, така и на национално ниво стојат нереализирани токму поради недостигот на финансиски средства. Приватното јавно партнерство нуди можност за изнаоѓање на финансиски резурси и можност приватниот партнер да преземе дел од сервисите кои се под ингеренции на јавниот партнер. Имплементацијата во туризмот е повеќе од можна, потенцира Жупан.

Презентацијата на можностите кои ги нуди јавното приватно партнерство е организирана во соработка со USAID и Амбасадата на САД во Македонија.
Пред претставниците на општините од регионот, туристичките работници и бизнис заедницата на тема „Нема втора шанса за прв впечаток“ зборуваше Томас Тајт пранешен Министер за туризам од државата Невада од САД. Тејт кажа дека размената на искуства во туризмот е императив, доколку се сака негово успешно функционирање.
Инаку Приватното јавно партнерство не само за нас туку и за земјите од опкружувањето е пионерски проект. За негова успешна имплементација потребна е детална и комплексна анализа на искуствата од САД и ГБР, бидејќи станува збор за потфат од долгорочен карактер од минимум 25-30 години.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top