Принуден одмор за вработените од „Проаква“

Поголемиот дел од вработените на Меѓуопштинското Јавно претпријатие „Проаква“, во наредниве три месеци одат на принуден одмор. Причина, големите долгови на ова претпијатие кои моментално, изнесуваат околу дваесет и пет милиони денари.

 |  Крсте Голабовски  | 
MJP Proakva
proakva

MJP ProakvaПродолжуваат проблемите во „Проаква“. Финансиската загуба од работењето на ова меѓуопштинско јавно претпријатие, која моментално изнесува 25 милиони денари, е најголемата причина поради која во период од три месеци, вработените ќе одат на принуден одмор, вели Ваит Ајро, директорот Р.Е Kолектор од „Проаква“.

„Тоа веќе се направи измена, и мора да преземеме мерки предложени од наша страна од менаџерскиот тим. Мерките се во согласност со законите. Не се работи за 70%, тоа е принуден одмор.Прекинуваме одредени процеси, со закон сме задолжени тоа да го правиме и на вработените ко ќе одат, а тоа е 100% од вработените во текот на 3 месеци вклучувајки ме и мене, реално и јас добивам принуден одмор, јас работам и ќе рботам но солидарно помагам во подобруванје на финанссиската состојба на МЈП „Проаква“, објаснува Ајро.

AjroАјро ги отфрла гласините за доцнење на платите и неплатените придонеси за вработените, со објаснување дека и платите и придонесите се плаќаат со максимално задоцнување од 20 дена. Тој објаснува дека моменталната финансиска состојба е резултат на финансиските проблеми кои се случуваа во текот на претходната година. Рамиз Мерко пак, градоначалникот на Струга вели пак дека во овој период, нема потреба од толку вработени, не се изведуваат поголеми зафати па нема потреба да се трошат средства од буџетот на „Проаква“, кога со намалување на трошоците може да се постигнат позитивни резултати.

„Мора да се стави ред. Мора да се види позитивноста на сите мерки кои ги рпезема управниот одбор и директорот на Проаква. Ова не е три месеци принуден, туку некои ќе одат еден, некој два а некои од вработените и три месеци.Но тука има распоред за секоја работа. А сигурно ќе се исклучува секој кој добива вода, а не плаќа,а ќе има и социјални пакети за оние кои не можат да ја платат водата“ дециден е Мерко.

Од раководството на Проаква со став дека се прават напори во наредните 6 месеци да се обезбеди неопходната финансиска стабилност,  на претпријатието, односно да се направи подобра прераспледелба на средствата собрани од наплатата, од чија реализација се задоволни.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top