Младите од Струга одлучни да го откријат и надминат проблемот за одлив на младите мозоци од нивната општина. Тие, за утре, најавија средба со младите, кои ќе слушнат разни мислења на оваа тема од експерти, претставници на релевантните позиции во градот.
„Уште кога бевме мали, мама и тато велеа, учи за да бидеш човек. Јас ги послушав, учев, ама каков човек сум јас без работа“. Ова е девизата која ги повлече младите од Струга да отворат Младински Образовен Форум. Утре, во 18 часот, во општинската сала, тие ќе дискутираат за модерниот проблем на денешницата, а тоа е, како и каде да се детектираат причините за одлив на младите мозоци од Струга. Бранкица Затаракоска координаторот на Младинскиот Образовен Форум вели, дојде време да се чуе гласот на младите околу проблемот со нивното вработување, каде е застојот на ова поле и како да се изнајде начин да се реши.
Не случајно е поставено ова прашање „Причина за одлив на младите мозоци од Струга“, кое е и тема на дискусијата на младите во Струга, вели Затаракоска. Додава, дека тоа е реален проблем и мора да се знае причината за тоа дали е од економски или од општествен аспект.
Затаракоска убедува, дека се борат за младинска независност, а не за партиска. Таа потенцира дека не смее општеството да се доведе до статус каде што со партиска книшка на младите ќе им биде загарантирано работното место. Според неа тоа носи катастрофа.
Младински образовни форуми се спроведуваат во пет градови во Македонија: Струга, Скопје, Битола, Тетово и Штип. Додека пак, проблемите ќе се решаваат низ три клуба, „Вербал“, „Арт“ и „Е “клуб. „Вербал“ клубот ќе ги обучува младите како да ги истакнат своите ораторски вештини, „Е“ клубот ќе ги учим ладите како да снимаат и да се справуваат со електронските медиуми, а „Арт“ клубот претставува креативност и преку тоа, начин да се искаже задоволството и незадоволството од истата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град