Југозападниот плански регион е најзначајниот регион со најголем потенцијал за развој на туризмот во Р. Македонија. Денес во Струга беше промовиран Регистарот на потенцијалите за развој на руралниот туризам, кој според туристичките експерти претставува многу корисна алатка за развој на сите стратешки документи кои што можат да допринесат за развој на туризмот и сите негови форми.
Дефинирани и приоритизирани околу 25 атрактивни локации каде што може да се развие рурален туризам во 9 те општини од Југозападниот плански регион. Денес во хотел Дрим Струга беше промовиран регистарот на потенцијалите за развој на туризам, како завршен настан во рамки на проектот „Иновативни решенија за подобар пристап до услуги на локално ниво“.
„Во рамки на сите општини, особено во руралните средини идентификувани се повеќе локации каде што може да се развиваат форми на селективни видови на туризам или алтернативен, не овој класичен езерски што го имаме. Практично намерата беше да се изнајдат иновативни производи и услуги кои што ќе привлечат што е можно поголем број туристи бидејќи тоа е на некој начин и светски тренд, дали е тоа посета на објекти од делот на културно наследство од археолошки наоѓалишта цркви, манастири, џамии или се тоа природни богатства ги има премногу во рамки на регионот
Регистарот на потенцијалите за развој на руралниот туризам се изработуваше во еден широк консултативен процес, вели Маријан Степаноски од ПРЕДА плус, кои го изработија регистарот во соработка со туристички експерти .
„Процесот опфати широка консултативна соработка со сите засегнати страни преку јавните институции и најзначајно од се бизнис секторот претставниците на понудата на туристички услуги и производи од овој регион и се разбира граѓанскиот сектор како значајна алка во целиот процес. Несомненео е дека Југозападниот плански регион е најзначајниот со најголем потенцијал за развој на туризмот во Р. Македонија, исто така многу значајно е да се направи диверзификација на самата туристичка понуда и развој на иновативни туристички продукти кај нас, па затоа и регистарот претставува многу корисна алатка за развој на сите стратешки документи кои што можат да допринесат“
Во изготвувањето на Регистарот на потенцијалите за развој на руралниот туризам учествуваа и експерти од ФТУ Охрид. Асистентот, проф. Михаил Ристески истакна дека нивното стручно мислење допринело да се поедностави постапката на прибирање и обработка на податоците за изработка на регистарот.
„Руралниот туризам не е развиен до оној степен како што се очекува, барем во Југозападниот регион кој е туристички најразвиен. Селата или руралните предели скоро се изумрени имаме случај на имиграција на тие простори во градовите дури и во станство на еден начин овие простори се опустошени. Нормално дека развојот на руралниот туризам би влијаел позитивно на спречување на овој тренд на иселување и релативно голема невработеност“.
Регистарот на потенцијалите за развој на руралниот туризам отпочна да се изготвува минатата година. Од Југозападниот плански регион очекуваат дека ќе се изнајдат средства со помош на регистарот да се реализираат поголем број пилот активности кои се дефинирани во него.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град