Превентивни мерки за грип или за…???

Во Охрид и Струга нема морбили или мали сипаници. Нема инфицирани ниту од свински грип. Сезонски грип има и секој ден се зголемува бројот на заболени лица.

 |  Билјана Николовска  | 
Atanasko Mihailov
Атанаско Михаилов

 

„Досега нема ниту еден пријавен случај на мали сипаници во регионов“, одговорно тврди првиот човек на Центарот за јавно здравје Др. Атанаско Михаилов. Тој вели дека инфектолозите се должни доколку има и најмали индиции за ова инфективно заболување да пријават во центарот. Одговорните на здравствените установи во охридско струшкиот регион уверуваат дека имаме стабилна состојба со лицата заболени од сезонскиот грип. Во Охрид секој ден се зголемува бројот на заболени од овој вид на грип, но тоа е во рамките на очекуваното, изјави, Михаилов. Сезонскиот грип има карактеристични симптоми. Покачена телесна температура, кивавица, течење на носот, солзење на очите, гребење во грлото и треска. Ова се знаци поради кои задолжително ви треба консултација со матичен лекар, вели Михаилов. Тој додава дека земање лекарства на своја рака може само дополнително да ја влоши состојбата со ова заболување и истата да се искомплицира. Неговите препораки се, земање многу течности, конзумирање на витамини посебно витаминот Ц .

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top