Претсрелка во струшко Велешта

Едно лице е повредено од огнено оружје ноќеска во струшкото село Велешта. А.С. (36) е тешко повреден откако кон него, засега непознато лице пукало со огнено оружје.

 |  Голабовски Крсте  | 

пoлицијаЕдно лице е повредено од огнено оружје ноќеска во струшкото село Велешта. А.С. (36) е тешко повреден откако кон него, засега непознато лице пукало со огнено оружје.

Настанот се случил неколку минути по полнок пред домот на сега повредениот кога тој излегол од своето патничко моторно возило марка Мерцедес.

Во моментот, од патничко моторно возило марка „Ровер“ паркирано во близина на неговата куќа, излегле две лица од кои, едно од нив испукало повеќе куршуми кон А.С. по што веднаш избегале. А.С. итно е пренесен во општата болница во Струга каде се констатирани повеќе прострелни рани во пределот на стомакот, грбот и екстремитетите. Врз него, во текот на ноќта извршен е оперативен зафат и според информациите од болницата во Струга е во стабилна состојба.

На местото на настанот извршен е криминалистичко-технички увид при што пронајдени се осум чаури, еден проектил и еден дел од проектил.

Полициската станица од Струга презема мерки за пронаоѓање на сторителот на кривичното дело убиство во обид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top