Претседател на струшката организација на СДСМ останува Александар Попоски.
Високи партиски извори информираат оти тој бил фаворит и на Бранко Црвенкоски, кој предложил да нема друг кандидат освен него, дознава ТВМ.
Александар Попоски, актуелниот претседател на општинската организација на СДСМ, најверојатно ќе добие уште еден мандат како челник на огранокот. ТВМ неофицијално дознава дека неговата позиција е загарантирана, бидејќи зад кандидатура застанал ни повеќе ни помалку туку самиот Бранко Црвенкоски, првиот човек на СДСМ. Високи партиски извори не информираа дека Црвенкоски во петокот го посетил штабот на струшката организација. Еден ден пред официјално да се затвори јавниот оглас за претседател на организацијата. Црвенкоски бил дециден дека го подржува Александар Попоски. Неофицијално, тој предложил да има само еден кандидат за претседател на огранокот.
Истите извори не информираа дека Црвенкоски во штабот изјавил оти освен Попоски, за друг кандидат не ни станало збор. Со тоа Роме Санџакоски, кој беше евидентиран како потенцијален канидидат за претседател не се кандидирал. Во моментов, единствен кандидат за прв човек на струшкиот огранок на СДСМ е Попоски. Тој покрај целокупната документација доставил и програма за работа во наредните 4 години.
Деновиве во градот е се поактуелна темата околу внатрепартиските случувања во СДСМ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град