На 80% од младата популација во Македонија целта и е вработување во јавната администрација. Тоа е резултат на недостаток на визионерство во образовниот процес, сметаат од Асоцијацијата за истражување комуникација и развој Публик. Со австриски искуства ќе се поттикнува развојот на социјалното претприемништво во Македонија посебно во помалку развиените региони со висока стапка на невработеност.
Висока е стапката на невработеност во Југозападниот регион. Австриски експерти пренесуваат искуства како нашиот регион би можел да се справи со овој проблем. Асоцијацијата за истражување комуникација развој „Паблик“ во соработка со австриското министерство за труд, социјални врски и заштита на потрошувачи и во соработка со нашето министерство за економија, денес во Струга одржува работилницата како преку социјално претприемништво до локален економски развој. Целта е да се поттикне развојот на социјалното претприемништво во Југозападниот регион, вели Климентина Илиевски од асоцијацијата.
„Ако ги согледаме природните потенцијали на југозападниот регион можеме да заклучиме дека навистина ова е подрачје кое што има сериозен потенцијал за развој на туризам исто така и рурален туризам и заради тоа одлучивме во соработка со министерството за труд на Австрија да поканеме експерти кои што ќе можат да дадат свои насоки во локалниот развој. Она што го гледаме како недостаток е проблемите кои што се провлекуваат преку образовниот систем и во суштина образовниот систем креира поединци кои што целат кон вработување во јавната администрација“
Не е лесно да се примени примерот како да се воспостави социјално претприемништво од една во друга земја, истакна Харалд Фугер австриски аташе за труд, социјални врски и заштита на потрошувачи. Тој смета дека нашиов регион има одличен потенцијал кој треба да се искористи за развој на социјално претприемништво, набројувајќи го Охридското Езеро, прекрасната природа, вредни луѓе кои се подготвени за соработка.
„Во Австрија имаме одлични примери за тоа како може да се разработи, воспостави социјалното претприемаштво меѓутоа секогаш тоа оди различно кога станува збор за различна држава, место, меѓутоа ние сме спремни да ги спроведиме овие примери, да ги откриеме целните групи и да го спроведеме примерот на социјалното претприемништво во Македонија“
Георг Визинер кој работи како рурален социолог, има улога да им помага на лицата со инвалидитет и со посебни потреби да се вклучат во социјалното претпримништво. Неговата цел е преку примери од Австрија, да помогне, да се изнајде начин да се спроведат во Македонија и да се постигне напредок во социјалното претприемништво.
„И во Австрија има проблем со квалитетот на живот со сиромаштијата и имаме голем број на луѓе со инвалидитет кои што живеат во одредени институции но не живеат квалитетен живот. Нашата цел е да можеме да ги интегрираме во руралните заедници каде што можат да бидат вклучени во одредени бизниси со цел да го развиеме социјалното претприемништво, имаме луѓе кои што веќе живеат во руралните средини но поради немање средства и можности а одат во институциите“
Социјалното претприемништво односно социјалните претпријатија, се релативно нов поим во Македонија. Тоа се претпријатија кои профитот не оди за сопственикот туку се враќа назад во социјалното претпријатие каде што најчесто се вработени претставници на маргинализирани групи, невработени, млади, лица со хендикеп, со некаков тежок социјален статус.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град