Партиите од Струга ги кројат листите за своите кандидати за пратеници. Додека во ВМРО-ДПМНЕ кандидатската пратеничка листа ја крои централата во Скопје, во СДСМ членството на општинско ниво предлага свои кадровски решенија, а конечниот избор ќе го направи централата.
Политичката предизборна клима во Струга се вжештува. Во партиските штабови листите на кандидати за пратеници деновиве треба да ја добијат конечната форма.
Општинските партиски организации на своите централи, како по правило, ќе им понудат списоци, за да можат луѓето од партискиот врв да ја направат најдобрата селекција. Додека пак во општинските комитети имаат поинаква процедура, нивните кандидати за пратеници ќе се знаат два дена пред истекот на рокот за доставивање до ДИК кој е до 29 ти март до 12 часот.
Во струшката чаршија веќе се спомнуваат имињата на некои од предложените кандидати, а за дел од нив добивме потврда од извори блиски на партиите. На предлог листата на струшките социјал демократи се спомнуваат: Робертино Ристически, Александра Нестороска, Даме Ложанкоски, Димче Шипинкароски, Слободанка Колоска, Иле Шаврески, Соња Стојкоска, Љубица Мижимакоска и Ристе Талески. Од партијата велат дека запазени биле статутарните одредби за застапеност на предлог кандидатите.
Од владеачката гарнитура на ВМРО – ДПМНЕ, се спомнува името на Момчило Аврамоски, Никола Затуроски, претседателот на партијата Перо Петкоски, Бисера Мојсоска, а на листата биле и некои од бизнисмените во Струга како Боро Симјаноски и Миле Чавкоски. Од таму пак велат дека тоа се само чаршиски гласини и дека кај нив минута до дванаест ќе се знае кој ќе биде застапен на предлог листите за пратеници.
Во ОК на ВМРО – ДПМНЕ имало сосема друга процедура за составување на листите за пратеници и не можеа со точност да кажат дали нивните имиња ќе бидат обелоденети на првиот митинг, на 24 Март во Охрид.
Во албанскиот блок од ДПА сеуште неизвесно. Како што е веќе познато од централно ниво предложен бил Зија Јонузи за носител на листата а втор на листата бил Нафи Доко. Овој предлог од централата им ги помати водите на локалното водство на овој огранок и тој предлог не е прифатен од Зијадин Села.
„Сега треба да се надминеме себе си и пак да победиме и тоа е целта, нема друга скриена цел. Ако сака некој да се изгубиме ние тоа нема да си го дозволиме да се случи не се согласуваме со листата не сме консултирани околу тоа“– вели Села.
На предлог листата на ДУИ, во Струшката чаршија се спомнуваат имињата на Рамиз Мерко и Арбен Лабуништи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град