Се празнува Мала Богородица

Манастирот Св. Богородица во Калишта струшко и годинава за празникот Мала Богородица, ширум ги отвори портите за сите верници. „Големи се чудата на мајката на целото човештво“, нагласија служителите на Бога, но и верниците.

 |  Николоска Биљана  | 
bogorodica
богородица

Десетици илјади верници синоќа го посетија манастирот Св. Богородица, во струшкото село Калишта, по повод 21 септември големиот христијански празни Мала Богородица или Рождество на Пресвета Богородица. И денес пред портата на манастирот можеше да се забележи река од народ кои дојдоа да запалат свеќа и да се поклонат пред светите икони за здравје и среќа. Верниците имаат голема почит кон овој празник и на овој ден доаѓаат од сите страни на земјава и надвор од неа.

 „Денес е еден од најголемите празници во православието. На денешен ден, сите верници мирот кој што го наоѓаат во манастирот Св. Богородица, сакаат да го понесат во своите домови“, вели Отец Бобан.

kalistaЧудата на Пресвета Богородица се големи, вели Отец Златко. Но според верувањата, она по што се издвојува манастирот Св. Богородица во Калишта од другите, е тоа што многу мајки, родилки и неродилки пронашле спас точно тука, додава тој.

„Култот на денешниот празник е токму и раѓањето на Пресвета Дева Марија. Значи по  50 години иако нејзините родители биле бездетни, значи после 50 години добиле рожба која станала и мајка на целото човештво“.

Манастирот Св. Богородица во Калишта за време на големиот празник Мала Богородица го посетуваат не само православните верници туку дел и од вернициите со исламска вероисповед.
Инаку празникот Рождество Богородично го прославува раѓањето на Марија, неа самата како Божја Мајка, но и нејзините благочестиви родители. Тоа е првиот голем празник во новата литургиска година, означувајќи го почетокот на циклусот на човековото спасение.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top