Празни училници во Струга

Празни училници во Струга. Поради недостиг од нафта за греење, денес учениците не дојдоа на настава во студените училници во Општинското Основно Училиште „Јосип Броз Тито“. Од Советот на родители од училиштето  цврсто зазеле став дека додека не се обезбеди парно греење нема да ги пуштат децата на училиште. Надлежните ветуваат дека нафтата во училиштата ќе пристигне уште вечерва.

 |  Николоска Биљана  | 
josip broz tito
јосип броз тито

josip broz titoОколу 700 основци денес не посетија настава во струшко поради незатоплени училници. Децата од  ООУ „Јосип Броз Тито“ Струга и подрачните паралелки од Мислешево и Враништа нема да одржуваат настава додека не се реши проблемот со обезбедување на нафта за греење. Ваквата одлука паднала на синоќешниот состанок на Советот на родители со директорот на училиштето.

„Цела недела немавме парно, ние децава на училиште ги пуштавме од две причини, колку толку времето не послужи и имавме секојдневни ветувања дека во секој момент ќе пристигне нафта и втората причина која е најголема е тоа што ако се прекинеше наставата, тие денови требаше да се одработат во саботите, а сето тоа ќе падне на грб на нашите дечиња“ – вели Крсте Бунчески, претседателот на Совет на родители

josip broz titoВ.Д. директорот на основното училиште Тони Савески, категоричен дека уште утре, децата ќе бидат вратени во училишните клупи бидејќи во секој момент очекуваат да пристигнат првите 5 тони нафта.

„Во секојдневна комуникација сме со надлежните Секторот за образование во општината имаме многу коректна комуникација до сега и добиваме ветување дека денес во текот на овој ден ќе има дотур на нафта со што би се регулирала наставата“. Постигнат е договор за етапно снабдување со гориво, според потребите на централнот училиште, а за подрачните, капацитетот  на цистерните е помал и таму исто така ќе се снабдува еднаш месечно во зависнот од тоа како ќе има потреба“ – изјави Савевски.

josip broz titoВо подрачната паралелка во Радожда настава се одржува затоа што училиштето успеало да обезбеди дрва за огрев. Некои од училиштата во струшкиот регион имале залихи на нафта од минатата година но најголем дел се соочуваат со сериозни проблеми како да ги затоплат просториите за непречено одвивање на наставта. Долговите на училиштата во Струга за енергенси за греење од минатата година , кои се огромни ќе ги сервисира локалната, вели Сурија Рашити од  Секторот за образование. Тој е категоричен дека  училиштата уште утре ќе имаат нафта.

„Поради тоа што училиштата имаат блокирани сметки и неможеле наводно сами да спроведат процедура за јавна набавка. Малку со задоцнување не овластија нас како општина, ние таа процедура ја завршивме и во секој момент очекуваме пратка значи од денес ќе почни со испорака со нафта“ – вели Рашити.

Денешните пропуштени часови основците од „Јосип Броз Тито“, ќе ги одржат некоја наредна сабота.

{loadpositin content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top