Пратеник, голема одговорност кон народот

„Ние имаме нераскинлива врска со народот“. Ваква е визијата и стартната позиција на Надица Николовска како пратеник во собранието на Р. Македонија.

 |  Билјана Николоска  | 
pratenik
пратеник

Млада и пред голем предизвик. Надица Николовска претседателот на ВМРО – ДПМНЕ и раководителот на пазарниот инспекторат од Струга, неодамна седна на пратеничката фотеља во Собранието на Р. Македонија. Таа согласно партиските начела на ВМРО – ДПМНЕ, дојде на местото на пратеникот Владо Стефаноски, кој неодамна почина. Како што е добро познато Стефаноски во текот на извршувањето на функцијата пратеник пред останатите советници се  истакна со најголем број амандмани 166. Николоска допрва ќе треба да се докаже, но сепак настапува со одредена цел.

Функцијата пратеник е голема одговорност, а пред се обврска кон граѓаните, изјави Николовска. Додаде дека во таа насока мора да продолжи трендот на непосредни средби и контакти со граѓаните бидејќи нејзиниот мандат за оваа голема функција се должи токму на нив. Но има и достојна визија доколку се случат предвремените парламентарни избори.

Николовска наведе бројни проблеми во Струга кои чекаат на решавање и потенцира дека треба од некаде да се почне. Останува да видиме дали Николовска ќе има време за тоа, бидејќи на државната врата тропаат најавите за распуштање на законодавниот дом.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top