Повторно средба Мерко – Јанакиевски

Градоначалникот Рамиз Мерко по трет пат на преговори кај министерот Миле Јанакиески.

 |  Билјана Колоска  | 
camec
чамец

И понатаму настојуваат да најдат заеднички компромис за издавање на плажите под концесија. Општината ќе помогне во рамки на своите можности, велат од таму.Спогодбите околу издавање на струшките плажите под концесија се од големо значење и за општината и за државата. Граѓаните со поделени мислења, дали плажите треба да се издаваат под концесија.

plaza„Се надеваме дека ќе постигнеме заеднички компромис“, велат од општина Струга.

Од таму уште пред две години  имаат  изготвено листа со многу критериуми кои треба да ги  исполнат концесионерите. Условите  на кои треба да д се придржуваат кандидатите се идентични на оние кои министерството им ги наложи на закупците на охридските плажи. Истите градоначалникот Мерко ќе му ги презентира на министерот.

Овие критериуми се реални и се надеваме дека се речиси идентични на оние кои ќе ги предложат од ресорното министерство. Се очекува огласот за издавање на плажите под концесија да  биде објавен во текот на оваа недела. Комисијата која ќе одлучува дали апликантите се придржуваат на правилата и нудат прифатливи проекти, ќе биде составена и од членови од локалната самоуправа. Според веќе изготвениот план од страна на општината, плажите на потегот од одморалиштето 25-ти мај о Евро хотел, се поделени на 12 парцели.

Секретарот најави дека веќе поставените нелегални шанкови по плажите ќе бидат отстранети.
Додека не се најде компромис помеѓу министерството и локалната самоуправа, врзани ни се рацете да превземаме било какви активности, вели Гулицоски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top