Повторно медицински отпад на отворено

Струшката депонија која ја користи ЈП „Комунално“, Струга, не може да куртули од медицинскиот отпад.

 |  Николоска Биљана  | 
komulalen kamion
комунален камион

Медицински отпад и понатаму се одлага на струшката депонија. Неколкуте семејства кои што живеат во непосредна близина на депонијата се неми сведоци на сликата која редовно се повторува пред нивните очи, камиони на ЈП „Комунално“, кои покрај комуналниот одлагаат и медицински отпад.

И покрај високата казна што ја доби ЈП Комунално од Струга, оние малку жители кои што живеат овде не сакаа да коментираат пред нашата камера, но велат дека камионите сеуште го истовараат на ова место опасниот медицински отпад и не ретко се случува на иглите дури и да се прободат

По се изгледа одговорните на ЈП „Комунално“, Струга пркосат пред законот. Директорот на државниот инспекторат за животна средина Фирус Мемет, неодамна јасно во телефонска изјава за ТВМ кажа дека струшкото ЈП не смее да прими медицински отпад. otpad zelezoКазната од 3 000 евра со сигурност стигна до ЈП, но дали изјавата на релевантниот инспектор допре и до ушите на одговорните на ЈП Комунално од Струга? Државниот инспектор за екологија Игор Трајкоски, вели дека има голем обем на работа и денес бил на терен во Битола. Тој вети дека повторно ќе направи увид на спорната струшка депонија и доколку најде примероци од опасниот медицински отпад најави поригорозни казни и преземање на посериозни мерки за сторителите. Укажувањето на нашиот медиум кој континуирано го следи проблемот со мед. отпад е во интерес на јавноста. Подигнувањето на свесноста за проблемот и  превентивното делување може да допринесе да се избегнат последиците кои што не демнат од медицинскиот отпад како своевидна темпирана бомба.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top