Кој ќе ги потпише сведителствата во Подгорци?

Советниците на ВМРО – ДПМНЕ како и струшките социјалдемократи против Одлуката со која треба да се покрие незаконското работење на паралелките во струшкото село Подгорци.

 |  Николоска Биљана  | 
sednica
седница

Трета година по ред учениците на ОУ „Гоце Делчев“, од струшкото село Подгорци, добиваат незаконски сведителства. Прашање е дали деветнаесет ученици кои учат на албански јазик во ова училиште ја имаат добиено потребната согласност од Министерството за образование и наука, за формирање на паралелки на албански јазик. Тоа сеуште е дискутабилно, за што реагираат советниците на ВМРО – ДПМНЕ и на СДСМ, а Локалната самоуправа по се изгледа се обидува одлуката за легализација на паралелките да ја протурка на  мала врата. Наташа Пинтоска советничката на СДСМ на последната седница која беше прекината точно поради оваа точка, побара повлекување на спорната точка, а воедно и одговор од градоначалникот, дали ресорното министерство се има произнесено за овој проблем.

sovеtnici struga„Значи во член 20 стои, подрачно училиште се организира во населено место со мал број ученици за што одлучува основачот, точно, меѓутоа по претходно позитивно мислење од министерот, значи за тоа зборувам дали го имаме ние тоа мислење од министерството. Да не се разбереме погрешно, ние не сме против формирање на такви паралелки“, вели Пинтоска.

„Паралелките се легални и уставот им гарантира на тие деца да учат на јазик кој го посакуваат, дециден е градоначалникот Рамиз Мерко. Додаде дека за истото и Советот донел одлука и таа треба да се почитува во целост. Мерко тврди дека ја имаат потребната согласност од Министерството за образование.Бидејќи директорот на ОУ Гоце Делчев, Подгорци, не сака да ги потпише сведителствата ние сакаме како Совет да истата раборта ја извршува директорот на ОУ „Мурат Лабуништи“ од Лабуништа и така еднаш засекогаш оваа работа да се тргне од дневен ред“.

Како што е познато овој случај заврши во Основниот суд во Струга, за што се расправаше на неколку рочишта. Епилогот на случајот останува непознат, бидејќи се обидовме да стапиме во контакт со претседателот на Основниот суд во Струга, во интерес на објективно информирање, но тој не одговори на нашите телефонски јавувања.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top