Пораст на семејното насилство во струшко

Двојно зголемен бројот на пријави за семејно насилство во струшко. Најчесто жртва е жената, но загрижува тоа што жртви се и деца. Според социолозите жените во регионот трпат и натаму живеат со насилникот, не бараат заштита, досега ниту една жртва од струшко не е сместена во регионалниот шелтер центар во Охрид.

 |   | 

Пораст на семејното насилство во струшко. Иако во овој регион, жртвите претежно молчат, годинава 15 лица се охрабриле и пријавиле семејно насилство, што е двојно повеќе во однос на лани.

Причина за непријавувањето според социолозите се традициите кај населението, а карактеристично е и тоа што брачната заедница не е прекината во ниеден случај. Само една стружанка, годинава се охрабрила да поведе бракоразводна постапка. Најчесто жртва е жената, но загрижува тоа што жртви се и малолетни  деца.

Неодамна мајка го претепа осумгодишниот син затоа што момчето не сакало да проси, неа ќе и биде одземено родителското право.

Полициските службеници ја приведоа несовесната мајка и во соработка со Центарот за социјални работи детето е пренесено во Мајчин дом во Скопје за понатамошна грижа. Против мајката е поднесена соодветна пријава – изјави Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

Социолозите велат жените во регионот трпат и натаму живеат со насилникот, не бараат заштита, досега ниту една жртва од струшко не е сместена во регионалниот шелтер центар во Охрид.

Од нашата работа и сознанија за лицата кои што имаат брачни, партнерски и семејни односи со елементи на насилство зборуваат дека оваа категоија на луѓе во Струга и Вевчани не така лесно се одлучуваат да пријават во нашиот Центар – вели Мевмед Халили.

Во регион со над шеесеттина илјади жители во 2020 година имало само 8 пријави на семејно насилство. Причина е слабата економска состојба на жртвите, но и потчинетоста, стравот и статусот на жената во семејството.

 

Новинар Соња Рилковска 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top