„Порака Нова“

„Порака Нова“-ова е новото име на Центарот за лица со интелектуална попреченост од Струга.

 |  Колоска Биљана  | 
deca
деца

„Порака Нова“-ова е новото име на Центарот за лица со интелектуална попреченост од Струга.

decaЦентарот за лица со интелектуална попреченост во Струга, побуди голем интерес кај многу родители.Се повеќе се зголемува бројот на заинтересирани за упис во овој центар. Уписите се во тек.

Новиот назив е Центар за подобрување на квалитетот на животот на лицата со интелектуална попреченост и нивните фамилии. Освен името, претрпе и други  организациони промени.

„Во склоп на Центарот работи „Дневен“ каде се сместени неколку групи; детска, школска и возрасна група“-кажува Анита Гаговска,  од „Порака Нова“, Центар за лица со интелектуална попреченост.

Полека се зголемува бројот на  членови во овој центар. Ова го потврдува и објавениот конкурс за упис на нови членови во центарот за следната година. До сите семејства во кои има лица со интелектуална попреченост од  „Порака Нова“ испраќаат писма преку кои ги информираат родителите за уписите кои се во тек.

„Им испраќаме брошури, преку кои родителите можат да видат дека во општеството се води грижа за овие деца и на секаков може начин ние се грижиме за нив“-вели Соња Маџоска, претседател на „Порака Нова“.

Секој ден во Центарот доаѓаат родители за да видат во какви услови работиме и кои активности ги изведуваме. Во глобала, се презадоволни од сите услови кои ги нуди „Порака Нова“, токму затоа е голем и интересот за членство во центарот, информира Маџоска. Сите родители кои сакаат да ги запишат своите деца во овој центар тоа можат да го направат секој работен ден од 7 часот и 30 минути до 16 часот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top