Попреченоста не е препрека на патот кон успехот

Попреченоста не е препрека на патот кон успехот. Над педесет лица со посебни потреби од струшко изминативе години се вработени, со стекнати вештини за самостоен живот. Првиот театарски режисер со хендикеп во последните педесет години кој дипломирал со просек 10 е стружанецот Даниел Шикоски.

 |   | 

Над педесет лица со посебни потреби од струшко изминативе години се вработениСтекнале социјални и работни вештини за самостоен живот и егзистенција. Денес се работоспособни и корисни во општеството.

Васко Јовчески од село Луково и Игор Шајноски од Струга се двете лица со попреченост, чиј работен статус е решен. Васко живее потполно сам и се грижи за себе, откако починале неговите родители.

Сам готвам, земам пари плаќам сметки и за јадење и апчиња – вели Васко Јовчески, лице со попреченост.

Игор Шајноски е првиот и најдобриот продавач на списанието „Лице в лице” во земјава. И тој е потполно самостоен.

Со драга волја работам за да можам да остварам нови работни вештини – вели Шајноски, лице сo попреченост.

Попреченоста не е препрека на патот кон успехот. За тоа е доказ првиот театарски режисер со хендикеп во последните педесет години кој дипломирал со просек 10, стружанецот Даниел Шикоски.

Секогаш можеме да успееме ако ние сме упорни и решителни во нешто да успееме – вели Даниел Шикоски лице со попреченост.

Центарот „Порака Нова“ 18 години се грижи за своите штитеници да бидат самостојни и работоспособни.

Ние посредуваме при вработувањето на лицата со попреченост во заштитните друштва во Струга. Имаме многу добра соработка освен што ги поврзуваме со самите семејства вршиме и директно вклучување во самиот процес. Нудиме и менторирање – вели Стефан Малески, координатор во „Порака Нова”.

Традиционално пред Новогодишните празници Лице в лице продава честитки дизајнирани од познати македонски уметници за поддршка на уличните продавачи.

Честитките се 12 мотиви направени од македонски уметници. Честитката чини 50 денари, а половина од заработката оди за продавачот, бидејќи овде кај нас Игор е вработено лица половина од овој приход го поддржува неговото вработување во нашата организација „Порака Нова“ – вели Малески.

Од „Порака Нова“ апелираат што повеќе фирми во својот работен процес да вклучат лица со попреченост, бидејќи токму овие лица умеат да бидат вредни и успешни работници.

 

Новинар : Соња Рилковска

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top